HomeОпштиниГази Баба: Потпишан Меморандум за соработка со Филозофскиот факултет

Гази Баба: Потпишан Меморандум за соработка со Филозофскиот факултет

Денес официјално потпишавме Меморандум за соработка помеѓу Општина Гази Баба и Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Оваа соработка претставува значаен чекор кон поврзување на локалната самоуправа со академската заедница и отвора нови можности за:

• заеднички проекти

• истражувања

• практична настава за студентите

Студентите од Филозофскиот факултет ќе имаат шанса за практична примена на знаењата во различни сектори на општината, додека општината ќе добие стручна поддршка во:

-образованието

– урбаното планирање

–младинските прашања

–социјалната политика

Веруваме дека оваа соработка ќе резултира со иновативни иницијативи и подобрување на квалитетот на животот во нашата општина.

Голема благодарност до раководството и професорите од Филозофскиот факултет за нивната отвореност и подготвеност за заедничка работа!

Извор: Општина Гази Баба

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте