HomeОпштиниГази Баба: Затворање на училишните спортски лиги

Гази Баба: Затворање на училишните спортски лиги

spot_img
spot_img

Денес свечено ги затворивме училишните спортски лиги во Општина Гази Баба, прославувајќи уште една успешна спортска година исполнета со енергија, фер-плеј и тимски дух.

Во текот на учебната година, повеќе од 450 ученици од основните и средните училишта од нашата општина се натпреваруваа во различни категории на спортови – вклучувајќи фудбал, кошарка, ракомет, атлетика и уште многу други.

На завршната манифестација им беа доделени медали, пехари и дипломи на најуспешните екипи и поединци кои со својот труд и посветеност ја направија оваа спортска година посебна и инспиративна.

Искрена благодарност упатувамe до наставниците по физичко и здравствено образование, кои преку својата несебична посветеност и ангажираност, како и преку нивното здружување во Сојузот на училишен спорт Гази Баба, овозможија реализација на голем број активности и спортски натпреварувања. Тие се срцето на оваа иницијатива и двигател на спортскиот дух кај младите генерации.

Општина Гази Баба останува посветена на поддршката и унапредувањето на училишниот спорт како важен сегмент од воспитно-образовниот процес и развојот на здрави и активни млади луѓе.

Секоја победа почнува со првиот чекор – а ние веќе чекориме заедно кон нови спортски успеси!

Извор: Општина Гази Баба

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте