HomeОпштиниГази Баба: Увид на градежните активности во Јурумлери - Ветувањата ги исполнуваме...

Гази Баба: Увид на градежните активности во Јурумлери – Ветувањата ги исполнуваме – Јурумлери добива фекална канализација!

spot_img
spot_img

Денес градоначалникот Бобан Стефковски заедно со министерот за локална самоуправа, Златко Перински, извршија увид на градежните активности за изградба на фекална вакумска канализација во населеното место Јурумлери. Овој значаен проект, со вредност од 59.830.813 денари, опфаќа изградба на нова мрежа на фекална канализација во должина од 4.071 метар.

Со овој проект обезбедуваме подобри услови за живот и ја потврдуваме посветеноста кон граѓаните на Јурумлери. Денес ја најавуваме и новата, финална фаза од изградбата на фекалната канализација со вкупна вредност од 148.000.000 денари, со која конечно ќе се реши деценискиот проблем со отпадните води. Ова значи дека Јурумлери, како и многу други населени места во општината, конечно ќе добие целосна фекална канализација.

Ветувањата ги исполнуваме!

Општина Гази Баба прерасна во едно големо градилиште – во секое населено место се реализираат проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните. Нашиот фокус е насочен кон реални и одржливи решенија, со јасна визија за подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот.

Искажуваме голема благодарност до Владата на Република Македонија и премиерот Христијан Мицкоски за партнерскиот однос и вистинската поддршка која покажа што значи да се биде вистински сојузник на општините и на граѓаните. Заедно, чекор по чекор, ја градиме иднината на нашите населени места.

Извор: Општина Гази Баба

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте