HomeОпштиниГази Баба: Учениците од Гази Баба заминаа на летен камп!

Гази Баба: Учениците од Гази Баба заминаа на летен камп!

spot_img
spot_img

Рано утрово градоначалникот Бобан Стефковски со задоволство ги испрати и им посака среќен пат и убав престој на учениците од општинските основни училишта, кои заминаа на училишен летен камп. Оваа година повеќе од 400 ученици, поделени во две групи ќе земат учество на летниот камп!

Овој камп, кој се реализира со финансиска поддршка од општина Гази Баба преку субвенционирање на цената за учество за секој пријавен ученик со посебен акцент и предност за учениците од ранливите категории на семејства.

Во рамките на кампот, учениците ќе бидат дел од спортски, едукативни и забавни активности, а особено важно е тоа што ќе имаат можност да се дружат, да се запознаат меѓусебе и да градат нови пријателства. Дополнително, ќе имаат обука за основна пливачка техника – важна животна вештина која ќе им користи и понатаму.

Овој проект се реализира во соработка со Општинскиот сојуз за училишен спорт Гази Баба и претставува еден од значајните проекти што започна со моето доаѓање на позицијата градоначалник на општината.

Со реализацијата на оваа мерка, успеавме да донесеме вистинска радост кај децата, а една од клучните цели што ја постигнуваме преку училишниот летен камп е токму нивната поголема социјализација и вклученост.

Општина Гази Баба се грижи за сите – и никогаш не ги заборава децата. Со ваквите активности и иницијативи им овозможуваме на учениците исполнето и безбедно лето, насочено кон спорт, дружење и развој на позитивни вредности, а не кон негативни влијанија.

Продолжуваме со ангажирана, одговорна и посветена работа за доброто на сите наши сограѓани, а особено за најмладите.

Извор: Општина Гази Баба

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте