spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Промовирано инклузивното игралиште „Парк на Срцата” на Езеро „Младост”

Велес: Промовирано инклузивното игралиште „Парк на Срцата” на Езеро „Младост”

Со музички хепенинг на R’n’B Neighbours и ДНК, денес на езеро Младост беше промовирано инклузивното игралиште „Парк на срцата“. Игралиштето е дел од проектот „ИНКЛУЗИВЕН СМАРТ ТУРИЗАМ – рекреативни содржини и услуги за еднаков пристап до туристичката атракција Езеро Младост“, кој го реализира Центарот за развој на Вардарски плански регион и Општина Велес, а е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерство за локална самоуправа и Општина Велес.

„Рекреативните содржини кои ги нуди просторот на езерото Младост, вклучително и сите содржини кои се дел од проектот ‘СМАРТ езеро Младост – прва туристичка дестинација во Македонија’ сега стануваат достапни за сите посетители, вклучително и за посетителите со ограничена мобилност и попречености. Инклузивен Смарт Туризам претставува подобрување на пристапноста и развој на инклузивноста преку воведување на нови рекреативни содржини и услуги и нивно интегрирање со постојните содржини во туристичката атракција езеро Младост да се овозможи еднаков пристап за сите домашни и странски посетители. Инклузивното игралиште “Парк на Срцата” не е само обичен парк кој ќе го ползуваат нашите најмлади сограѓани, туку тоа значи подигнување на свеста кај сите граѓани дека и лицата со попречености треба да добијат можност и да се третираат еднакво со што го добиваат правото да функционираат во заедницата исто како и останатите граѓани”, рече градоначалникот Коцевски.

„Во рамките на проектот се набавени и реквизити за обезбедување на пристап до плажа и вода, со што создаваме можности за квалитетен живот и за лицата со попречености, за што сме посебно горди. Ова е голем исчекор напред во насока на социјална инклузија и создавање еднакви можности за сите, преку развој на нови содржини и за посетителите со ограничена мобилност и попречености”, рече Игор Андреев, в.д. раководител на ЦРВПР.

Главната активност на проектот е инклузивното игралиште „Парк на срцата“, со две тактилни патеки и реквизити, соодветни на потребите на сите посетители, вклучително посетителите со ограничена мобилност и попречености. Дополнителна активност се и реквизити за обезбедување на пристап до плажа и пристап до вода за посетителите со ограничена мобилност.

Извор: Општина Велес

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...