HomeОпштиниГази Баба: Изграден нов современ спортски терен и комплетно реконструирано детско катче...

Гази Баба: Изграден нов современ спортски терен и комплетно реконструирано детско катче во делот на Камник – Гази Баба продолжува со инвестиции во спортот и младите

Во делот на Камник, во близина на бензинската пумпа Лукоил, општина Гази Баба изгради нов современ спортски терен со најквалитетна тартан подлога, како и целосно реконструирано детско катче.

Со тоа граѓаните од овој дел на општината добиваат нови, безбедни и уредени простори за спорт, игра и дружење.

Ова е вториот од вкупно осум нови спортски терени кои ги градиме во населените места низ целата територија на Гази Баба.

Со тоа потврдуваме дека спортот, физичката активност и здравиот развој на младите се наш врвен приоритет.

Општина Гази Баба е пример за тоа како треба да изгледа локална самоуправа која работи посветено и одговорно.

Досега имаме изградено над 30 современи спортски терени со тартан подлога, а во исто време се изградени и реконструирани повеќе од 60 детски забавни катчиња, прилагодени на потребите и безбедноста на децата.

Додека други само ветуваат и зборуваат, ние градиме, реализираме и оставаме конкретни резултати зад нас.

Нашите дела зборуваат најгласно.

Оваа функција е доверба која се оправдува со секој нов проект и секој нов простор создаден за доброто на граѓаните.

Продолжуваме со неселективна грижа за сите населени места, инвестирајќи во инфраструктура, спорт, рекреација и квалитетно секојдневие за секое семејство.

Општина Гази Баба не е општина на празни зборови, туку општина на реални проекти и вистински резултати.

Извор: Општина Гази Баба

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...