HomeОпштиниАеродром: Покана до пензионерите да се вклучат во вршење...

Аеродром: Покана до пензионерите да се вклучат во вршење јавни работи

spot_img
spot_img

Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром објави јавен оглас за изразување интерес за ангажирање пензионирани лица за вршење јавни работи во текот на 2025 година.

Сите евидентирани пензионери што сакаат активно да придонесат за почиста и поурбана заедница, може да се пријават и да станат дел од работниот процес кој вклучува активности како што се: одржување на хигиената на јавните површини, чистење и собирање отпадоци, одржување на зеленилото, косење трева, расчистување суви гранки, чистење пешачки премини, тротоари, мостови и други јавни простори на територија на Општина Аеродром.

Пријавувањето се врши преку пополнување пријава што е достапна во Архивата на претпријатието или може да се преземе електронски на веб-страницата на Општина Аеродром: www.aerodrom.gov.mk (делот „Граѓани – Формулари“), како и преку следниов линк: http://skr.rs/z0JN

Извор: Општина Аеродром

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте