HomeМинистерстваМЗ: Алиу - Гривчева Старделова - На иста линија сме, пациентите секогаш...

МЗ: Алиу – Гривчева Старделова – На иста линија сме, пациентите секогаш во центарот на вниманието

spot_img
spot_img

Mинистерот за здравство Азир Алиу оствари средба со раководството на Лекарската комора, предводено од проф. д-р Калина Гривчева – Старделова.

Министерот Алиу изрази подготвеност и отвореност за продлабочување на соработката со Комората, со цел подобрување на здравствениот систем.

Една од темите беше и обуки на медицинскиот кадар преку иновативни алатки, преку изготвување национална програма за обуки во соработка со СЗО.

На средбата се дискутираше за реалните предизвици и за можните решенија – водени од заедничката цел: квалитетна и достапна здравствена заштита за сите граѓани.

Продолжуваме со конструктивен дијалог и конкретни чекори. Пациентите остануваат во фокусот на сите наши политики и одлуки.

Извор: Министерство за здравство

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте