HomeОпштиниГази Баба: Акција за подигнување на отпадните возила оставени на јавни површини

Гази Баба: Акција за подигнување на отпадните возила оставени на јавни површини

spot_img
spot_img

Општина Гази Баба започна акција за подигнување на отпадните возила оставени на јавни површини, кои подолг период ги узурпираат тротоарите, улиците и паркинг местата во општината.

Акцијата ја спроведува Инспекторатот на Општина Гази Баба и ќе трае сè до целосно отстранување на сите возила за кои се води постапка согласно Законот за постапување со дополнителни текови на отпад, кој ги пропишува законските процедури за отстранување на ваков тип отпадни возила.

На сторителите им беа изречени соодветни прекршочни платни налози за непочитување на прописите.

Досега се подигнати 11 возила од населбата Автокоманда, а во наредниот период акцијата ќе продолжи и во останатите населени места на територијата на општината.

Општина Гази Баба останува посветена на уредување и зачувување на јавниот простор и повикува на соработка од сите граѓани за почиста и поуредена општина.

Извор: Општина Гази Баба

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте