HomeОпштиниГази Баба: Граѓаните ја поздравуваат реализацијата на проекти насекаде низ Гази Баба!

Гази Баба: Граѓаните ја поздравуваат реализацијата на проекти насекаде низ Гази Баба!

spot_img
spot_img

При денешната посета на градоначалникот Бобан Стефковски во Идризово, имаше пријатна средба со граѓаните. Заедно со Бајрам, Војче, Метин, Гоце и многу други вредни жители – еснафи, домаќини, луѓе со визија, разговараа отворено за идните чекори што не очекуваат.

Идризово е повеќе од населено место – тоа е заедница.

Овде се чувствува духот на соживотот, почитта и заедништвото. Идризово е пример каде не постојат поделби – тука Македонци, Албанци, Роми, Турци, Власи и сите останати живеат како едно. Тука секој го гледа другиот како свој. Овде луѓето не се делат, туку се поврзуваат.

Силата на една општина не е само во инфраструктурата, туку и во луѓето.

Токму затоа проектите што ги реализираме се поттикнати од нив – од искрените разговори, од довербата, од желбата за напредок. Заедно со граѓаните градиме подобра иднина, чекор по чекор, со почит, разбирање и заедничка визија.

Им благодарамe на граѓаните за топлиот прием, мудрите совети и големата поддршка!

Извор: Општина Гази Баба

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте