HomeОпштиниАеродром: Центар за поддршка на ученици со попреченост

Аеродром: Центар за поддршка на ученици со попреченост

spot_img
spot_img

Општина Аеродром го добива првиот Центар за поддршка на ученици со попреченост во рамките на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“.

Денеска в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и директорката на ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“, Марија Делетиќ, потпишаа договор за воспоставување на Центарот и обезбедување на стручни кадри за работа со учениците.

Центарот ќе започне со работа на почетокот на новата учебна година, а ќе може да го посетуваат ученици од сите училишта во општината, според утврден распоред.

Отворањето на овој Центар претставува голем чекор за унапредување на инклузивното образование и можност за еднаков пристап до соодветна поддршка за учениците со попреченост.

Со оваа иницијатива, Општина Аеродром ја докажува својата посветеност за обезбедување на оптимални услови за современ и инклузивен пристап во образованието и останува отворена за соработка со сите институции.

Извор: Општина Аеродром

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте