HomeОпштиниЦентар: Герасимовски: По една деценија ги реновираме тоалетите во училиштето Гоце Делчев

Центар: Герасимовски: По една деценија ги реновираме тоалетите во училиштето Гоце Делчев

spot_img
spot_img

Во пресрет на новата учебна година, Општина Центар спроведува целосна реконструкција на тоалетите во Општинското основно училиште „Гоце Делчев“. Градоначалникот Горан Герасимовски го посети училиштето и информираше за напредокот на работите за реконструкцијата што опфаќа нова санитарија и керамика, модерно уредување на просториите со цел обезбедување максимални стандарди за хигиена.

„Тоалетите во „Гоце Делчев“ за првпат се реконструираат после повеќе од 10 години, работиме со забрзана динамика. На долниот кат се обновува водоводната мрежа, четири тоалети целосно се реновираат.  Наш приоритет е создавање современи, безбедни и хумани услови за сите ученици. Тоалетите целосно се обновуваат, а со оваа реконструкција покажуваме дека посветено се грижиме за нивната иднина и секојдневие. Само вака можеме да им обезбедиме на учениците средина во која ќе се чувствуваат почитувани и мотивирани“, вели Герасимовски.

Вложувањето во образованието и грижата за учениците се еден од клучните приоритети на Општина Центар.

Извор:Општина Центар

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте