HomeОпштиниЃорче Петров: Стојкоски ќе ги претстави резултатите од својот четиригодишен мандат

Ѓорче Петров: Стојкоски ќе ги претстави резултатите од својот четиригодишен мандат

spot_img
spot_img

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски вечерва ќе ги претстави резултатите од својот четиригодишен мандат пред граѓаните.


Стојкоски ќе ги презентира реализираните проекти, инвестициите во инфраструктурата, јавните услуги и мерките кои го подобрија квалитетот на живот во општината.


Граѓаните ќе имаат можност да се информираат директно за постигнатото и за идните планови, како и со свои идеи и сугестии да учествуваат во креирањето на локалната политика за следните години.


Ваквиот начин на презентација на сработените проекти е пракса во Општина Ѓорче Петров во текот на мандатот на Стојкоски, како дел од континуираниот процес на транспарентно и отчетно работење.


Настанот е предвидено да се одржи на платото пред новата општинска зграда во 20 часот.

Извор: Општина Ѓорче Петров

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте