HomeОпштиниБутел: Новата детска градинка во населеното место Бутел 2 се гради во...

Бутел: Новата детска градинка во населеното место Бутел 2 се гради во одлично темпо

spot_img
spot_img

Со одлична динамика напредува изградбата на новата детска градинка во населеното место Бутел 2.

Во новата градинка се завршуваат внатрешните градежни активности.

Новиот објект ќе биде завршен согласно предвидениот рок. Новата градинка се протега на површина од 1800 м2, со 3 влеза, 7 занимални со 7 спални соби, 2 занимални со заеднички спални соби и една просторија за јасли. Во новиот објект ќе има и посебна просторија за изолација и медицинска сестра и млечна кујна.

Градинка ќе овозможи згрижување на 200 деца и ќе ги исполнува сите услови за згрижување на деца од предшколска возраст.

Објектот кој замина во историја беше изграден во далечната 1964 години и по 60 години се гради нова детска градинка.

Општина Бутел реализира големо барање на граѓаните. Ова е капитален објект кој се гради по долги години лажни ветувања.

Извор: Општина Бутел

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте