HomeОпштиниОхрид: СЛОВАЧКАТА АМБАСАДОРКА ХРИЦОВА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

Охрид: СЛОВАЧКАТА АМБАСАДОРКА ХРИЦОВА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

spot_img
spot_img

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков вчера во својот кабинет  ја прими новоименуваната амбасадорка на Република Словачка во државава,  Ивета Хрицова.

Соговорниците ги разгледуваа можностите за  потпишување Меморандум за соработка  помеѓу  Охрид и Нитра,градовите од Македонија и Словачка  кои  ги обединува наследството на Светите браќа Кирил и Методиј, а имаат и приближно ист број на жители и изобилие од културни знаменитости.

 Се разговараше и за учество на словачки уметници и словачка ноќ на најпрестижната културна манифестација кај нас, фестивалот Охридско Лето. Беа разменети мислења и за актуелните политиччки случувања во земјава и регионов.

Словачка е силен и искрен поддржувач на евроинтеграцискиот пат на  Македонија. Македонската амбасада во  словачкиот град Братислава  е отворена во  2021 година и е  важен придонес за унапредување на билатералното партнерство помеѓу двете држави.

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте