HomeОпштиниОхрид: Градоначалникот Пецаков оствари средба со Ненад Целески, Балкански шампион...

Охрид: Градоначалникот Пецаков оствари средба со Ненад Целески, Балкански шампион во теквондо

spot_img
spot_img

Градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со младиот охридски теквондист Ненад Целески, кој освои златен медал на Балканското теквондо првенство, кое се одржа неодамна во Дупница, Бугарија.

Градоначалникот Пецаков му честиташе на младиот спортист за големиот успех и за достоинственото претставување на Охрид и Македонија на ова престижно натпреварување. Градоначалникот истакна дека ваквите резултати се голем мотив за младите охриѓани и поттик за понатамошен развој на спортот во градот.

Целески е член на Теквондо клубот „Хваранг Фист“ од каде што изразија благодарност за поддршката од локалната самоуправа и најавија интензивни подготовки за претстојните натпреварувања на европско и светско ниво.

Извор: Општина Охрид

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте