HomeОпштиниИлинден: Со нови инвестиции во образованието и спортот

Илинден: Со нови инвестиции во образованието и спортот

Општина Илинден интензивно работи на изградба на паркинг простор за околу 30 возила во рамки на Средното општинско стручно училиште „Илинден“. Паркинг просторот зафаќа површина од околу 550 м², предвиден е за потребите на училиштето и ќе придонесе за значително подобрување на условите за работа и организираност во сообраќајот околу училиштето.Дополнително, се започна со изградба и поставување на нова заштитна ограда околу спортскиот комплекс „Драго Маневски“.

Во рамки на проектот ќе се извршат бетонски работи и поставување на заштитна ограда во должина од 240 метри, сè со цел да се зголеми безбедноста на граѓаните кои секојдневно го користат спортскиот простор за тренинг и рекреација.Увид во градежните активности направи градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека изградбата на паркинг просторот е во насока на обезбедување на квалитетни услови за функционирање на училиштето, додека пак со изградба на оградата ќе се придонесе за подобување на функционалноста на спортските објкети и спортскта инфрструктфура.Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурни проекти кои го унапредуваат квалитетот на живот на граѓаните и создаваат подобри услови за образование, спорт и рекреација.

Извор: Општина Илинден

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...