HomeОпштиниОхрид: Успешна реализирана обука за менторство на жени Претприемачи

Охрид: Успешна реализирана обука за менторство на жени Претприемачи

spot_img
spot_img

Како продолжение на активностите за развој на локалната економија и зајакнување на родовата еднаквост, Општина Охрид успешно ја реализираше Обуката за менторство за почетници во бизнис и постојни претпријатија управувани од жени. Обуката е втора фаза од спроведувањето на поддршката за жени-претприемачи.

Во оваа фаза учествуваа жените кои претходно добија сертификати на Обуката за претприемништво и стекнаа предуслови да продолжат со дополнителен професионален развој.Преку стручни менторски сесии, учесничките ги унапредија своите деловни вештини во сферата на бизнис планирање, финансиска одржливост и креативна работа.

По успешното завршување на програмата, на учесничките им беа доделени сертификати за учество во менторската обука, како потврда за нивниот професионален напредок и подготвеност за самостојна работа.

Целта на оваа обука е зајакнување на жените во бизнис-секторот, зголемување на нивната конкурентност и овозможување полесен пристап до пазарот. Обуката беше реализирана како дел од Програмата за Локален економски развој на Општина Охрид.

Извор: Општина Охрид

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте