HomeВладаМицкоски од Ѓорче Петров: Започна изградбата на нова детска градинка во населба...

Мицкоски од Ѓорче Петров: Започна изградбата на нова детска градинка во населба Дексион

Добар ден и од мене.

Јас немам што да додадам повеќе од тоа што го кажаа и градоначалникот и заменик-министерот. Мене ми преостануваа да честитам да посакам што побргу да се заврши објектот да можат дечињата од овој дел на Општина Ѓорче Петров да го користат.

Исто така ја користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата, на пратениците коишто доаѓаат од овој дел на Скопје за залагањето, за трудот, за амбицијата да тоа коешто претставува акутен проблем би рекол, а тоа е обезбедување на услови за дечињата да бидат сместени во градинките да се решава. Неколку градинки одеднаш се градат овде и убеден сум дека за многу кусо време од денеска листата на чекање веќе нема да биде листа на чекање туку секое дете коешто ќе сака да оди во градинка, односно коешто ќе има потреба од сместувачки капацитет ќе го има и истиот, и тоа е во насока на пролајф или про семејните политики на оваа Влада, бидејќи вие не можете да работите на кампања за зголемување на фертилитетот, а од друга страна да не ги овозможите сите услови за да можат дечињата да одат во градинка.

Така што продолжуваме и понатаму да се залагаме за тие про семејни политики и вредности.

Ви благодарам.

https://youtube.com/watch?v=WmmPwGYOko8%3Fsi%3D4DPdIXJK9Zm1jDoB

Извор: Влада

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката дека ќе се прави пресметката согласно...