HomeОпштиниГази Баба: Општината - Сервис на Граѓаните

Гази Баба: Општината – Сервис на Граѓаните

Градоначалникот Бобан Стефковски одржа состанок со секретарите на Урбаните и Месните заедници.

Од овој месец, секретарите ќе функционираат по нов, поефикасен модел со една единствена цел – да бидат поблиску и подостапни за сите граѓани.

Секој секретар ќе биде задолжен за неколку Урбани и Месни заедници и ќе има обврска редовно да врши прием на граѓани, да ги слуша нивните потреби и навремено да ги пријавува локалните проблеми до општинската администрација.

Во следните денови ќе го објавиме и деталниот распоред, за секој граѓанин точно да знае кога секретарот ќе биде присутен во неговото населено место.

Вработените во општинската администрација се тука да им служат на граѓаните – тоа е нивна должност, но и најважна мисија.

Секој граѓанин мора да има можност да пријави проблем, да предложи идеја или да побара решение, а нашата обврска е да слушаме, да реагираме и да работиме.

Ова е уште еден чекор кон поотворена, поефикасна и поодговорна општина – општина која секојдневно ја градиме заедно со граѓаните!

Извор: Општина Гази Баба

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте