HomeОпштиниГази Баба: Хуманитарен концерт на Мобилност - Скопје

Гази Баба: Хуманитарен концерт на Мобилност – Скопје

spot_img
spot_img

По повод 4-ти Декември – Денот на лицата со телесна попреченост Здружението на телесни инвалиди „Мобилност“ – Скопје организираа хуманитарен концерт.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски беше покровител на овој хуманитарен настан, кој го прославува духот на солидарност и меѓусебна поддршка.

Ова дружење уште еднаш покажа дека токму човечноста, грижата и разбирањето се темелите на едно хумано и правично општество.

Најголемата сила ја имаат луѓето кои и покрај сите предизвици, секојдневно докажуваат што значи упорност, храброст и живот исполнет со достоинство, а тоа вечерва на дело го докажаа преку овој хуманитарен концерт.

Заедно испративме силна порака за еднаквост во општеството, почит на различноста и поголема видливост на лицата со телесна попреченост.

Извор: Општина Гази Баба

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте