HomeОпштиниКуманово: Работилница за проценка на ризик од поплави во Куманово

Куманово: Работилница за проценка на ризик од поплави во Куманово

spot_img
spot_img

Согласно со поплавите во Куманово како еколошки и инфраструктурен предизвик и потребата од одржливо урбано планирање, кое ќе ги интегрира мерките за намалување на овој ризик и прилагодување кон климатските промени, во Куманово се одржа работилница, во организација на ГИЗ.

Главна цел на работилницата е да се презентираат наодите од проценка на ризикот од поплави во Куманово, со посебен фокус на опасности од речни поплави и влијанието во подрачјето на интерес.

 Се обратија Бјорн Габриел раководител на претставништвото на ЕИБ во Македонија, Александер Ерлевеин раководител на проектот на ГИЗ „Зелена агенда – поддршка на адаптација кон климатските промени во Западен Балкан“ и Максим Димитриевски градоначалник на Општина Куманово. Присуствуваа секретарот на Општината, претставници на општинска администрација, на Регионален центар за управување со кризи,Дирекција за заштита и спасување-Куманово, Хидрометеоролошки завод, МЖСПП, ЈП „Водостопанство“.    

Работилницата ги опфати наодите од: анализа на физички и хидролошки податоци, процесот на изработка на модели и резултати од моделирањето, мапирање на проценка на ризик вклучувајќи карти на опасност од поплави. Беше презентирана и проширена листа на потенцијални мерки, заедно со методологија користена за нивна идентификација и критериуми за избор.

Оваа работилница ќе обезбеди информирање на засегнатите страни и активно вклучување во напредокот на проектот, поттикнувајќи инклузија во развојот на мерките за заштита од поплави во Куманово. Неопходна е координација меѓу локалната власт, службите за итни интервенции и жителите, како и спроведување на кампањи за подигнување на јавната свест и вклучувањето на заедницата, со цел граѓаните успешно да се соочат со ризиците и соодветно да реагираат.    

Извор: Општина Куманово

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте