Претседателката на Совет на Општина Куманово Ѓорѓиевска, раководителите Јовановиќ и Крстевски, претставници на општинска администрација и стручни служби во општински средни училишта,
присуствуваа на работилница, организирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Центар за истражување и управување на политики и организацијата ,,Хедајах”.
Општина Куманово е една од трите пилот општини, која започна со проектот ,,Пат кон превенција, модел на политика за превенција од радикализација и насилен екстремизам”. На работилницата беа презентирани детални согледувања за почетокот на проектот од страна на кумановскиот тим. Евалуаторите на проектот работата на тимот ја оценија како најдобра, бидејќи нашата локална самоуправа подолго време активно е вклучена во сродни проекти, бележејќи најнапредна фаза на ниво на Македонија.

Извор: Општина Куманово
































