HomeОпштиниКуманово: Апел до граѓаните на Куманово

Куманово: Апел до граѓаните на Куманово

spot_img
spot_img

Со цел да се подигне свеста на повисоко ниво кај граѓаните на Куманово, за спречување на несакани последици од употреба на пиротехнички средства, во пресрет на празниците, Општински совет за превенција на детско престапништво од Општина Куманово и Отсек за превенција – СВР Куманово, во соработка со претставници од Црвен крст – Куманово, ќе реализираат симулациска вежба на 19.12.2025 (петок), почеток во 12:00 часот, на градскиот плоштад.
Настанот ќе биде од отворен и едукативен тип за сите граѓани и случајни минувачи, особено за младата популација и малолетни лица, за да се предупредат и заштитат од можни несакани повреди (телесни повреди на екстремитети, губење на вид, слух и сл.), кои би настанале со употреба на петарди, ракети, огномети и други распрскувачки пиротехнички средства, забранети за употреба.

Извор: Општина Куманово

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте