HomeОпштиниГази Баба: Дејан Стојковски е најдобар полицаец за 2025 година

Гази Баба: Дејан Стојковски е најдобар полицаец за 2025 година

Градоначалникот Бобан Стефковски имаше средба со командирот на полициската станица од општа надлежност Гази Баба Саше Стоилевски и полицискиот службеник Дејан Стојковски кој е избран за најдобар полицаец во 2025 година.

Стојковски како полициски службеник во текот на целата година се истакнувал во откривање на кривични дела и расветлување на случаи на нарушување на јавен ред и мир.

Истиот во утврдена постапка од страна на своите колеги е избран за полицаец на годината.

Најдобриот полицаец од страна на Општина Гази Баба ќе биде награден со еднократна финансиска награда во висина од 20.000 денари.

Извор: Општина Гази Баба

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте