Потпишани договори за стипендии за учебната 2025/2026 година
Денес, во предновогодишна и свечена атмосфера, Општина Росоман ги потпиша договорите за стипендија со стипендистите за учебната 2025/2026 година.
Заедно со претседателката на Комисијата, Анастасија Петровска, беа доделени стипендии на најдобрите основци, средношколци и студенти.
Воедно, им беа упатени искрени желби да продолжат со одличните резултати и со својот успех да бидат гордост на Општина Росоман.
Инвестицијата во образованието е инвестиција во иднината на нашата општина.
Извор: Општина Росоман























