HomeОпштиниВелес: Агенцијата за катастар на недвижности поблиску до граѓаните

Велес: Агенцијата за катастар на недвижности поблиску до граѓаните

Под слоганот „Катастар до тебе“ Агенцијата за катастар на недвижности започна кампања која има за цел да им ги доближи услугите на граѓаните, со отворени и транспарентни одговори за сите нивни проблеми.  Службеници на агенцијата ќе одржуваат средби со граѓаните кои се соочуваат со долгогодишни проблеми и прашања со цел да се изнајдат соодветни решенија.

Ваква средба во Велес ќе се одржи на 19 февруари (четврток) во електронската сала на Општина Велес со почеток во 14:30 часот.

Општина Велес ги поканува сите засегнати граѓани кои имаат прашања од надлежностите на Агенцијата за катастар на недвижности да присуствуваат на средбата од која можат да го извлечат решението на проблемот или да добијат одговор на прашањето што го имаат.

Извор: Општина Велес

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...