HomeОпштиниГази Баба: Ред и почитување на законот - Заштита на урбаното зеленило

Гази Баба: Ред и почитување на законот – Заштита на урбаното зеленило

Согласно Законот за урбано зеленило и Одлуката за комунален ред на Општината, инспектори од Општина Гази Баба изрекоа опомени за повеќе моторни возила кои беа непрописно паркирани на зелена и јавна површина долж ул. „Коце Металец“ во населба Железара.

Зелените површини се белите дробови на нашата заедница и мора да ги чуваме!

Ги повикуваме сопствениците на непрописно паркираните возила да ги отстранат во предвидениот рок.

Доколку тоа не биде сторено, ќе следуваат соодветни прекршочни санкции согласно законските прописи.

Заедно да создадеме почиста, поуредена и похумана средина за сите граѓани!

Ваквата активност ќе продолжи и во другите населени места.

Извор: Општина Гази Баба

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте