Во чест на 8 Март – Меѓународниот ден на жената, градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и претседателката на Совет на Општината Ивана Ѓорѓиевска го посетија Домот за стари лица “Зафир Сајто” во Куманово.
Со почит и внимание кон припадничките на понежниот пол кои престојуваат во домот и на нивниот персонал, традиционално им беа подарени рози.
Претставниците на Општина Куманово упатија искрени честитки и желби за здравје, радост и спокојни денови, истакнувајќи дека нивната мудрост и животно искуство се инспирација за помладите генерации.

Извор: Општина Куманово
































