HomeОпштиниБитола: Започна реконструкцијата на улици во Братиндол

Битола: Започна реконструкцијата на улици во Братиндол

Општина Битола ја започна реконстркцијата на улици во селото Братиндол. Станува збор за проект кој општината го доби од вториот повик на владата преку министерството за транспорт, во вредност од 4.227.303 денари.

Се работи за реконструкција на коловоз, односно седум краци. Најпрво расчистување, односно ископ на земја, потоа поставување тампониран слој и на крајот асфлтирање.

Со ова ќе се подобри комуникацијата на локалното население во ова населено место, а Општината и со ова покажа дека се грижи и за руралните средини.

Извор: Општина Битола

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте