HomeОпштиниСтрумица: Амбасадорот на Велика Британија, Метју Лосон, во официјална посета на Општина...

Струмица: Амбасадорот на Велика Британија, Метју Лосон, во официјална посета на Општина Струмица

spot_img
spot_img

Делегација од Амбасадата на Велика Британија во Македонија, предводена од амбасадорот Метју Лосон, престојуваше во официјална посета на Општина Струмица.

Градоначалникот Петар Јанков го запозна амбасадорот Лосон со карактеристиките, потенцијалите и можностите на Струмица, како и со функционирањето на локалната власт и нејзините приоритети.

На средбата се разговараше за актуелни теми и за можностите за продлабочување на соработката на локално ниво, особено во областите на економскиот развој, образованието, културата и размената на искуства во локалната самоуправа. Притоа беа потврдени одличните билатерални и пријателски односи меѓу двете земји.

Градоначалникот Јанков му се заблагодари на амбасадорот Лосон за посетата, нагласувајќи дека ваквите средби се значајни за градење нови партнерства и стекнување нови искуства во унапредување на соработката, од која бенефит ќе имаат граѓаните.

Извор: Општина Струмица

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте