HomeОпштиниБитола: Започна асфалтирањето на улици во селото Трн

Битола: Започна асфалтирањето на улици во селото Трн

spot_img
spot_img

Пред две недели започна реконструкцијата на пет улици во селото Трн, а од денеска се асфалтира и се очекува со асфалтирање да се заврши до в четврток.

Денеска увид во градежните работи извршија градоначалникот Тони Коњановски, претседателот на Советот, Бојан Бојкоски заедно со надлежните за овој проект.

Реконструкцијата опфаќаше пет улици со вкупна должина од 1021,14 метри, сите широки по 3,5 метри и банкини од двете страни широки од 50 см.

Вкупната вредност на проектот е 7.181.218 денари, а средствата се обезбедени од Министерството за транспорт преку вториот владин повик.

Со ова се подобрува патната инфрастуктура и во руралните средини, а општината останува посветена на подобрување на условите за жителите на Општина Битола.

Вредно е да се напомене дека за кусо време, односно со динамична работа проектот се финализира.

Извор: Општина Битола

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте