HomeОпштиниГази Баба: Акција за подигање на непрописно паркирани возила кај Пазарот во...

Гази Баба: Акција за подигање на непрописно паркирани возила кај Пазарот во Ченто!

Во координација со МВР и Градски паркинг спроведовме акција за подигање на возила кои беа непрописно паркирани на јавни површини, тротоари и коловози во околината на Пазарот Ченто.

Со ваквото несовесно паркирање се попречува движењето на возилата, јавниот превоз и пешаците, а воедно се создава и небезбедна сообраќајна средина.

Нема да има толеранција за узурпација на јавниот простор и непрописно паркирање. Јавните површини мора да останат проодни и достапни за сите граѓани.

Ваквите контроли и акции ќе продолжат и во наредниот период и на други локации низ општината со цел воспоставување ред во сообраќајот и поголема безбедност за сите учесници.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, да не паркираат на тротоари и коловози и да покажат поголема сообраќајна култура.

Заедно да создадеме почиста, побезбедна и поуредена општина.

Извор: Општина Гази Баба

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте