HomeОпштиниБогданци: Министерот за локална самоуправа, Перински, во работна посета на општината

Богданци: Министерот за локална самоуправа, Перински, во работна посета на општината

Градоначалникот на Општина Богданци, БлажеШапов, денеска го пречека министерот, Златко Перински, кој престојуваше во официјална посета на општината.

Во рамки на посетата покрај средбата со градоначалникот, министерот оствари средба со советниците и општинската администрација, на кои се разговараше за развојните приоритети на општината, како и за предизвиците со кои се соочуваат во секојдневното работење.

Беше истакнато дека општините можат активно да сметаат на поддршката што ја обезбедува Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините и да ги користат услугите што ги нуди.

Преку двата јавни повика за проекти за капитална инфраструктура, Владата за Општина Богданци одобри 3 проекти во вредност од 80.636.327 денари.

Во рамки на Програмата  за рамномерен регионален развој и  Програмата за намалување на диспаритетите, за Општина Богданци во 2025 година се обезбедени средства за два проекти во вкупна вредност од речиси 7,3 милиони денари,  насочени кон подобрување на безбедноста во сообраќајот и унапредување на комуналните услуги.

Општина Богданци останува посветена на соработка и партнерство со министерството за локална самоуправа, и ќепродолжи со напорите за обезбедување на поддршка и конкретни инвестиции, со цел на надминување на разликите во развој помеѓу регионите и разликите во развојот помеѓу општините  внатре во регионите.

Извор: Општина Богданци

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте