HomeОпштиниСтрумица: Реставрација на Римските терми во Банско – нов чекор кон развој...

Струмица: Реставрација на Римските терми во Банско – нов чекор кон развој на туризмот и зачувување на културното наследство

Општина Струмица силно ги поддржува иницијативите кои придонесуваат за зачувување на културното наследство, развој на туризмот и зајакнување на регионалната соработка.

Ова уште еднаш го потврди градоначалникот Петар Јанков на вториот управувачки состанок во рамките на проектот „CulTour Crossing Borders“, кој претставува успешен пример за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција.

Во рамките на проектот ќе се реализира реставрација и ревитализација на Римските терми во Банско – едни од највредните културно-историски локалитети во општината и регионот. Со оваа инвестиција не само што се зачувува културното наследство, туку се отвораат и нови можности за развој на туризмот, економски напредок и подобрување на квалитетот на живот на локалното население.

Во реализацијата на иницијативата активно учествува и Националната установа Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица, која се залага за одржлив модел на развој што ќе донесе долгорочни придобивки за сите вклучени заедници.

Извор: Општина Струмица

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Аеродром: Јавен повик за пријавување на штети од силното невреме

0
Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на...