HomeОпштиниГази Баба: Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа

Гази Баба: Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа

Во насока на имплементација на препораките од оценските мисии и зајакнување на функционирањето на демократските институции, како и реформите во јавната администрација, градоначалникот Бобан Стефковски присуствуваше на консултативниот настан „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“.

Овој значаен настан, организиран од Министерството за локална самоуправа во соработка со УНДП, имаше за цел да отвори конструктивна дебата за тековните активности, да ги разгледа резултатите од анализите на актуелните состојби и да ги истакне успешните практики кои веќе даваат резултати.

Особено значајна беше работилницата на која учествуваа градоначалници, претставници на институции, развојни региони и релевантни чинители.

Преку размена на искуства и отворени консултации, се поставија темели за понатамошно унапредување на меѓуопштинската соработка – клучен механизам за развој и обезбедување квалитетни услуги за граѓаните.

Локалната самоуправа претставува столб на демократијата.

Таа е најблиску до граѓаните и најдиректно ги препознава нивните потреби.

Силните и функционални општини значат подобри услуги, одржлив развој и поголема доверба во институциите.

Затоа, вложувањето во меѓуопштинска соработка не е само административна потреба – тоа е инвестиција во подобра иднина за сите граѓани.

Извор: Општина Гази Баба

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...