МЛАДИТЕ ТАЛЕНТИ – НАЈГОЛЕМАТА НАДЕЖ НА МАКЕДОНИЈА!
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА СПОРТСКИТЕ КЛУБОВИ!
Оваа година доделуваме 12 милиони денари директна финансиска поддршка за спортските клубови, спортисти и здруженија.

Зад секој млад талент стојат часови напорна работа, откажувања и голема љубов кон спортот. Токму тие млади луѓе се нашата сила – тие се доказ дека имаме иднина!
Нивната енергија, нивната посветеност и нивната борба на теренот се инспирација за сите нас.
Оваа поддршка не е само финансиска помош – ова е порака дека веруваме во вас, дека стоиме зад вас и дека ќе продолжиме да создаваме услови за ваш развој и успеси.
Заедно градиме средина во која талентот се препознава, се негува и се претвора во резултати со кои сите се гордееме.

Нашите спортисти не се само идни шампиони – тие се идните амбасадори на Македонија, пример за дисциплина, упорност и вистински вредности.
Со оваа поддршка отвораме ново поглавје – поглавје на уште поголеми победи, нови рекорди и успеси кои ќе одекнуваат далеку надвор од границите на нашата земја.
Извор: Општина Гази Баба

























