HomeОпштиниКуманово: „Подготвеност за пожари” – обука за млади

Куманово: „Подготвеност за пожари” – обука за млади

Во организација и раководство на Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) – Куманово, во рамки на програмата на општинскиот младински центар MultiКулти, во соработка со Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Куманово, се одржа обука за млади на тема „Подготвеност за пожари“.

На едукативниот настан во младинскиот центар MultiКулти, командирот на ТППЕ Куманово – Борис Станковски и пожарникарите Фљамур Милаими, Душан Цаневски и Филип Костовски, презентираа за заштита од пожари и ги запознаа младите со противпожарната опрема.

Во надворешни услови беше изведена демонстративна вежба, со учество на професионални пожарникари.

Целта на оваа обука е зголемување на свесноста кај младите за безбедноста и правилното постапување во случај на пожар.


На настанот присуствуваше службеникот за млади од Општина Куманово, Мартин Крстиќ.

Извор: Општина Куманово

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Аеродром: Јавен повик за пријавување на штети од силното невреме

0
Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на...