СДСМ носи закон за прикривање на луксузниот имот на нивните функционери.
СДСМ 4 години се на власт, а имотот на нивните функционери е зголемен како за 400 години.
Само Петре Шилегов во еден мандат со примања од 1.000 евра, што се некаде околу 48.000 евра за цел мандат направи луксузна хациенда во Маврово и зграда дивоградба во Карпош, дури и само едниот од двата објекти ги надминува неговите примања, од каде му се парите и за двата?
Зоран Заев како премиер го прикрива својот имот, па така видовме од медиумите дека Заеви имаат луксузни вили во Грција, за што беа објавени и документи. Згора на тоа се стекнаа и со фабрики за марихуана и други објекти.
Мила Царовска од позиција на министерка гради хациенда на Пониква, а нејзиниот партнер добива тендери од државни институции.
Венко Филипче додека народ умира затоа што наместо по вакцини тој трча по провизии, а во меѓувреме гради луксузна куќа на Водно.
СДСМ сака да ги сокрие и становите на Костадин Костадинов и сите нивни функционери комшии.
СДСМ се крие зад закони кои треба да им го легализираат криминалот.
Времето на аболиции поминува. Доаѓаат промени.
Извор: ВМРО ДПМНЕ