spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕСДСМ носи закон за прикривање на луксузниот имот на нивните функционери

СДСМ носи закон за прикривање на луксузниот имот на нивните функционери

СДСМ носи закон за прикривање на луксузниот имот на нивните функционери.
СДСМ 4 години се на власт, а имотот на нивните функционери е зголемен како за 400 години.
Само Петре Шилегов во еден мандат со примања од 1.000 евра, што се некаде околу 48.000 евра за цел мандат направи луксузна хациенда во Маврово и зграда дивоградба во Карпош, дури и само едниот од двата објекти ги надминува неговите примања, од каде му се парите и за двата?
Зоран Заев како премиер го прикрива својот имот, па така видовме од медиумите дека Заеви имаат луксузни вили во Грција, за што беа објавени и документи. Згора на тоа се стекнаа и со фабрики за марихуана и други објекти.
Мила Царовска од позиција на министерка гради хациенда на Пониква, а нејзиниот партнер добива тендери од државни институции.
 Венко Филипче додека народ умира затоа што наместо по вакцини тој трча по провизии, а во меѓувреме гради луксузна куќа на Водно.
СДСМ сака да ги сокрие и становите на Костадин Костадинов и сите нивни функционери комшии.
СДСМ се крие зад закони кои треба да им го легализираат криминалот.
Времето на аболиции поминува. Доаѓаат промени.

Прочитајте