spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаКандидат за градоначалник на Велес

Кандидат за градоначалник на Велес

Левица го обзнани својот кандидат за градоначалник на Општина Велес – Златко Арсов.

Арсов е роден во Велес во 1965 година. Основно и средно образование завршува во својот роден град. Во 1983 година се запишува на Земјоделскиот факултет во Скопје каде и дипломира во 1989 година, откако во меѓувреме го отслужил воениот рок. На овој факултет, во 1989 година се вработува како помлад асистент.

Вториот циклус на студии успешно го завршува на истиот овој факултет, на групата Производство и преработка на тутун каде магистрираше со просек од 9,71. Докторската дисертација од областа на технологијата на тутунот ја одбрани во 2003 година. Во моментов, Златко Арсов е редовен професор на група тутунски предмети на Факултетот за земјоделски науки и храна во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

„Велес и неговите граѓани, заслужуваат повеќе. Потребно е уредување на просторот за хумано и здраво живеење – активности за развој на потенцијалот на децата и младите, енергетска одржливост, чистење на почвата, водите и воздухот од енормното загадување, решавање на проблемот со паркинг простор, санација на инфраструктурата, унапредување на земјоделскиот сектор… Сакам град во кој ќе сакаме да живееме и ние и нашите деца. Град од кој младите нема да бегаат, туку ќе останат за и самите да го развиваат и во иднина.“ изјави Арсов.

Повеќе за биографијата на Арсов можете да најдете на овој линк.

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

Кисела Вода: Организирана акција за садење дрвца

0
Во духот на грижата за животната средина и создавање поздрава животна средина за идните генерации во oпштина Кисела Вода се спроведе голема акција за...