spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Нов објект за градинката „Орце Николов“ во Kарпош 3

Карпош: Нов објект за градинката „Орце Николов“ во Kарпош 3

Започна изградбата на новиот објект на градинката „Орце Николов“ во Карпош 3. На овој начин, ќе се зголемат капацитетите за згрижување за дополнителни 100 дечиња, кои реонски припаѓаат на оваа предучилишна установа.

Имено, предвидено е отворање на четири групи во кои ќе се згрижат деца од 4 до 6 години. Во ек на пандемијата градинките се соочени со сериозни проблеми при згрижување на деца, но општина Карпош се фокусираше колку што е можно повеќе да го намали овој проблем.

Денеска, во теренски увид на изведбените работи на новиот објект беше градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев, кој се осврна и на проектите на општината за зголемување на капацитетите во градинките:

  • Сакам да истакнам дека ова е трет нов објект на градинка кој се прави во изминативе четири години. Претходно, нов објект доби градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2 (објектот „Јасмин“), а целосно нова градинка направивме и во Бардовци. Со отворањето на овие два објекти на градинки ги зголемивме капацитетите за престој и едукација за 173 дечиња, повеќе од претходно,а со третиот таа бројка ќе се зголеми уште за сто дечиња.Вложувањето во детската заштита и во подобрување на условите во градинките беше наш приоритет изминативе години. Уверен сум дека грижата за најмладите во Карпош ќе продолжи и понатаму, рече Богоев.

Рокот за изведба на градинката е една година, иако се очекува истата да заврши за период од 6 до 8 месеци. За овој проект, склучен е Договор за користење на грант со Министерството за труд и социјална политика, во вредност од 28 милиони денари, кој го доделува Светска банка преку Проектот за подобрување на социјални услуги.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Митева: Целта на Влада е да го трансформира македонското општество во...

0
Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Денешната прес-конференција е посветена на развојната компонента на предлог буџетот во делот на дигитализацијата. Нашата цел како Влада е да го...