МОН: Стипендии за докторски и пост-докторски студии и истражувања во Швајцарија за академската 2025/2026 година

Амбасадата на Швајцарија во Скопје известува дека Сојузната комисија за стипендии за странски студенти на Владата на Швајцарија ќе додели 10-15 стипендии за студенти од...

МЗШВ: Трипуновски – Работиме да имаме што повеќе задоволни лозари, Македонија повторно да биде препознатлив бренд по вино

„Ќе работиме да имаме што повеќе задоволни земјоделци. Нема да дозволиме како во минатото да секоја година по 500-600 земјоделци од Тиквешијата едноставно ги...

МЗШВ: Трипуновски – Инспекторот ќе биде коректив и ќе следи дали откупот на винско грозје се одвива согласно прописите и договореното

„Овој процес на оваа договорена цена за винско грозје ќе ја следи Земјоделскиот инспекторат на терен од првиот до последниот ден на откуп. Што...

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие, додека пак новата Влада е нивен партнер

Лозарите со претходната Влада на СДСМ беа оставени сами на себе и понижени со ниската откупна цена. Затоа го прашуваме СДСМ зошто од април месец...

МЗШВ: Трипуновски: Го враќаме брендот „македонски ориз“ на својот препознатлив квалитет во регионот

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со земјоделците во општина Чешиново Облешево. На самата средба министерот посочи дека оризот ќе биде под силна поткрепа и заштита. „Пред неколку месеци на наша иницијатива успеавме да го внесеме оризот како стратешка култура во стоковите резерви, тоа е успех и гаранција за македонските оризопроизводители“ - потенцираше Трипуновски. Со земјоделците се разговараше за состојбата со оризопроизводителството, проблемите кои беа присутни изминативе години, но и за овогодинешната реколта. „Македонскиот ориз нема да остане неоткупен, домашното производство и маката на земјоделците ќе се вреднува. Заврши времето кога се увезуваше ориз од Индија и Пакистан. Го враќаме брендот „македонски ориз“ на својот препознатлив квалитет во регионот“, истакна Трипуновски. Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

МЗШВ: Трипуновски – Исплатени се 75.640.400 денари субвенции кон 1.609 земјоделци

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска соопшти дека се исплатени субвенциите за мерките 2.12 дополнителни директни плаќања од подмерка 2.08 и 2.10 за предадено јагне и или јаре во регистриран кланичен капацитет. - Денес се исплатени 75.640.400  денари кои ќе им бидат на располагање на сметките на земјоделците. -Остварено уште едно ветување дека ќе го средиме хаосот со исплатите на субвенциите, само со чесна, со одговорна и посветена работа во интерес на нашите земјоделци! - Изјави Трипуновски. Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

МЗШВ: Трипуновски од Неготино – Мора да работиме визионерски, Македонија треба да го задржи епитетот винска држава

„Производната цена која што ја правеше Земјоделскиот институт ја правеше во соработка со Земјоделскиот факултет, иако носител на Договорот беше Земјоделскиот институт. Цените кои што ги истакнаа зголемени за 25%, Смедеревката 18,3 денари, а Вранецот 20,8 денари“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при изјавата дадена во Неготино. Трипуновски посочи дека изминативе денови имал серија на состаноци со земјоделски здруженија, со винарски визби, потсекторска група. „Постојано бевме на дневна основа во комуникација со сите засегнати страни. Еве денеска сме повторно во Неготино имав средба со земјоделските здруженија, Федерација на фармери итн. Разговараме за она што практично што во текот на вчерашниот ден беше обзнанено како производна односно откупна цена која што согласно шеќерните единици треба да биде платена“, рече министерот. „Сакам да појаснам дека овие цени кои што ги истакнаа како производни зголемени за 25% се цени за шеќерна единица 19 за Вранец, и 17 за Смедеревката. Се што ќе оди да речеме шеќерна единица плус ќе се доплаќа“, појасни Трипуновски. Министерот додаде дека мора да се работи на создавање на квалитет. „Она денеска што ќе го комуницираме со земјоделските здруженија, со земјоделците е да кажеме дека ова е сериозен прогрес, не можеме да останеме неми на ситуацијата. Ако во минатата година Вранецот беше 18 денари значи веќе имаме сериозно зголемување оваа година, исто и за Смедеревката“, укажа министерот. Тој истакна дека по завршување на оваа берба ќе се работи стратегиски за наредната година. Тоа значи дека државата ќе креира програми и мерки кои што ќе ги намалат производните трошоци се со цел откупната цена да биде прифатлива и за винарските визби кои што извезуваат, а земјоделците да имаат поголема добивка во делот на производството на грозје. „Мора да работиме визионерски, Македонија треба да го задржи епитетот винска држава“, нагласи министерот. Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

МЗШВ: Трипуновски – Процесот на откуп на винското грозје ќе го следат инспектори од Земјоделскиот инспекторат за да се елиминираат сомнежи

„Бев дециден во текот на вчерашниот состанок со винарските визби, ова е изработено согласно Закон и никој не треба да го крши истиот. Треба да се почитува договорена цена и тука мислам дека беше обострано констатирана оваа ситуација дека нема да има отстапки“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при изјавата дадена во Неготино. „Кога сме на тема винарски визби и процес на откуп сакам да потенцирам дека процесот на откуп на винското грозје ќе го следат инспектори од Земјоделскиот инспекторат како надлежна институција“, појасни тој. Министерот додаде дека направен е план на секое откупно место да има распореден инспектор кој што ќе биде коректив на процесот. „Сакаме да ги елиминираме и најмалите простори за сомнеж и за манипулација во делот на откуп. Едноставно целиот процес да се заснова и да се спроведе согласно правилата и Законот кој што постои“, нагласи Трипуновски. Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

МЗШВ: Трипуновски – Винарските визби ја прифатија новата откупна цена на Вранецот и Смедеревка

„Пред малку заврши состанокот со винарските визби, состанокот беше на моја иницијатива. Согласно Методологијата и она што значи Јавен повик за избор на научна...

МЗШВ: Трипуновски на средба со Марко Обрадовиќ, директор на Стопанската комора на Србија

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со Марко Обрадовиќ, директор на Стопанската комора на Србија. На средбата се говореше за...
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

НАЈЧИТАНИ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ