spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Хидросистемот е значаен ресурс и работиме за да ги оствари сите...

МЗШВ: Хидросистемот е значаен ресурс и работиме за да ги оствари сите потенцијални функции

 

Владата на Република Северна Македонија континуирано работи на подобрување на условите за живот на граѓаните во целата земја, врвен приоритет ни е да го поттикнеме рамномерниот регионален развој, а за да успееме во тоа, треба и мора да се работи на подобрување на основните услови за живот“, посочи заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, кој заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа го посетија ЈП за извршување на водостопански услуги „Хидросистем Злетовица“ во Пробиштип.

По одржаниот состанок со директорот на ЈП „Хидросистем Злетовица“, Миле Илиевски и градоначалниците на Пробиштип, Драган Анастасов и на Свети Николе, Сашо Велковски, вицепремиерот Битиќи и министерот Хоџа, извршија и увид на „Зафат 3 – зафатна градба за водоснабдување на Штип, Свети Николе, Лозово и Карбинци“, пришто нагласи дека хидросистемот Злетовица е еден значаен ресурс, на кој Владата обрнува особено внимание и ќе работи посветено за да ги исполни сите функциите за кои е наменет.

“Првата фаза (функција) предвидува стабилно снабдување со вода за пиење за околу 100 илјади жители во општините Пробиштип, Штип, Свети Николе, Лозово и Карбинци. Во моментов вода за пиење од овој систем користат општините Пробиштип и Свети Николе. Дозволете да потсетам дека во 2019 година со поддршка на Владата на Република Северна Македонија и поддршка од Владата на Република Словенија, инвестирани беа 1,2 милиони евра со кои снабдувањето со питка вода за граѓаните на Пробиштип е навистина подигнато на едно високо ниво и се овозможи проток на питка вода од 100 литри на секунда. Владата и МЗШВ планираат дополнителни 6,5 милиони евра, за да преку хидросистемот Злетовица го подигнеме квалитетот за снабдување со вода за пиење и на останатите четири општини: Свети Николе, Штип, Лозово и Карбинци. Веќе се во тек градежните активности за зголемувањето на капацитетот на водоснабдување на Штип на 300 литри во секунда, , како и за обезбедување на проток од 40 литри на секунда во општина Карбинци, додека за општина Лозово и Свети Николе се започнати тендерските процедури и набрзо ќе се избере изведувач на работите. Навистина водата е основен ресурс и секој граѓанин, независно каде живеат мора да има стабилно и квалитетно снабдување“, нагласи вицепремиерот Битиќи.

Тој додаде дека во хидросистемот Злетовица, во моментов и наредниот период ќе се инвестираат околу40 милиони евра, средства од граѓаните, за подобар живот на граѓаните. Тие средства освен за стабилно снабдување со питка вода за граѓаните од пет општини, треба да се наменат и за втората фаза со која треба да се обезбеди вода за наводнување на околу 3550 хектари земјоделско земјиште во општина Пробиштип, што ќе влијае позитивно на земјоделското производство.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа се осврна на втората фаза на Хидро системот Злетовица со која треба да се обезбеди вода за наводнување на земјоделските површини во општина Пробиштип.

„Со реализација на оваа фаза, ќе се решат долгогодишните проблеми со континуирано обезбедување на доволни количини вода потребни за одржување на земјоделските површини. Невозможно е да очекуваме развој и модерно земјоделско производство, ако претходно не сме ги создале основните услови. Со завршувањето на втората фаза ќе обезбедиме вода за сите земјоделци од општина Пробиштип. Во периодите на долготрајна суша, тие повеќе нема да гледаат во небото посакувајќи да заврне дожд. Со модерните хидросистеми како што е ХС Злетовица, ќе можеме навистина да развиваме модерно земјоделство, да мислиме на развој, на зголемување на приносите, а не да мислиме дали има или нема вода. Тој страв, ќе биде минато, за сите земјоделци од оваа општина кои обработуваат околу 3550 хектари земја. На нас останува обврската, како што впрочем и се договоривме денеска на состанокот, дека сите заедно ќе вложиме максимални напори, овој Хидросистем што поскоро да ја слави завршната фаза. Тешко е, тоа е неспорен факт, пандемијата дополнително ги успори работите, но ние остануваме посветени на нашата цел“, нагласи министерот Хоџа.

Директорот на Јавното претријатие, Миле Илиевски, изрази благодарност за можноста да ги презентира тековните активности на ХС Злетовица, како и за разбирањето искажано од страна на вицепремиерот и министерот за искрените намери да помогнат во надминувањето на предизвиците со кои се соочуува ова јавно претријатие.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

Демир Хисар: Буџетски Форум за 2025 година

0
Општина Демир Хисар организира буџетски форум за урбаната и месните заедници во општината, со цел нивните предлози да бидат земени во предвид при изготвувањето...