spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Демаркација и обележување на државнатa граница со Република Србија

МНР: Демаркација и обележување на државнатa граница со Република Србија

 

На 10 и 11 мај 2021 година во Скопје, Република Северна Македонија се одржа Седумдесет и третиот состанок на Мешовитата комисијата за демаркација и обележување на државната граница меѓу Република Северна Македонијја и Република Србија.

Состанокот од македонска страна го водеше Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и Претседател на Делегацијата на Република Северна Македонија во Мешовитата комисија, г-дин Зоран Попов.

За време на состанокот беше потпишана изработената гранична документација (опис на државната граница и атлас на државната граница) за дел од Граничниот сектор IV од државната граница меѓу Република Северна Македонија и Република Србија и беа договорени идните активности во врска со спроведувањето на геодетски контролни мерења во Граничниот сектор VI, како и отпочнување со усогласување на катарската евиденција со официјалната гранична документација за граничните сектори и VI од заедничката државна граница.

Двете страни изразија и подготвеност за отпочнување на актинвости за чистење на граничната линија во опсег од три метри од двете страни на заедничката државна граница, како и замена на оштетените или  исчезнатите гранични ознаки односно враќање во првобитна положба на оние кои се изместени.

Наредниот состанок на Мешовитата комисија  ќе биде одржан  во втората половина на октомври 2021 година, во Белград, Република Србија.

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Битола: Интензивни работни активности на Јавните претпријатија

0
Поволните временски услови изминатиот викенд, овозможија непречено спроведување на работни активности на јавните претпријатија на повеќе локации. Јавното претпријатие Комуналец во соработка со Општина Битола,...