spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаМОН: Силно инвестираме во инфраструктура и опремување на училиштата, подготвени стартуваме...

МОН: Силно инвестираме во инфраструктура и опремување на училиштата, подготвени стартуваме со реформата на основното образование

Министерството за образование и наука интензивно инвестира во реконструкција, доградби и изградби на училишта, како и во опрема за лаборатории, со цел успешен старт на реформата на основното образование од учебната 2021/2022 година. Една од причините за намалување на квалитетот на образованието е недоволното и несоодветното вложување и финансирање на образованието во последните три децении. Министерката за образование и наука Мила Царовска вели дека сега е променет начинот и методологијата за вложување во капитални инвестиции во образованието. Општините можат да аплицираат на јавниот повик за капитални инвестиции, а проектите потоа се селектираат низ транспарентен процес. Но, за системски пристап се потребни и податоци за состојбата во која се наоѓаат училиштата во државата, и затоа е пристапено кон собирање микро податоци, односно се прави анализа на деталната инфраструктура.

Во информативниот магазин „25 минути“ на ТВ 24, Царовска посочи дека дури и во оние 141 училиште коишто имаат реновирани санитарни јазли во последните 5 години, веќе се забележуваат значителни оштетувања, само поради несоодветниот систем на одржување.

„Во многу извештаи е наведено дека не е спорно инвестирањето, ако се прави плански и еднакво, а ние тоа го правиме, колку што одржувањето треба да биде соодветно. Има правилник за тоа, сега се прават дописи до училиштата дека треба да го почитуваат“, рече министерката.

Во подобрување на инфраструктурата на училиштата, опремување на информатичките и лабораториите за природни науки, како и за библиотеки и училишни ресурси за потребите на наставата, ќе се инвестира и преку Проектот за унапредување на основното образование, за што е потпишан договор со Светска банка. Од вкупно 21,5 милиони евра, колку што изнесува проектот, за овие намени се издвоени 15,1 милион евра.

„За прв пат, оваа Влада зема силен замав во инвестирањето во основното образование, за да може да се постават условите за имплементација на новата концепција и за околу 6 години од денес да кажеме дека нашето основно образование е модерно, соодветно и ги постигнува стандардите“, нагласи Царовска.

Ефектите на реформата на основното образование ќе се покажат преку подобрите резултати на меѓународните тестирања, на кои сега сме далеку под меѓународен просек, дури и под просекот на регионот.

Министерството, потенцираше Царовска, ниту набавило ни има во план да набавува возила, туку го зголемува буџетот за капитални инвестиции, и тој годинава изнесува една милијарда денари, а блок-дотациите, и во време на криза, октомври -декември 2020 година, се зголемени за 2%.

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

НУ Кинотека Македонија:

0
Почитиувани, Ви ја претставуваме конечната 8-дневна програма на овогодинешниот 15ти Фестивал на планински филм Ехо.Ден 1 **********18 октомври 2024, петокДом на АРМ20:00Отворање на Ехо...