spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПреку дигитализација и елиминирање на човечкиот фактор до помала корупција на граничните...

Преку дигитализација и елиминирање на човечкиот фактор до помала корупција на граничните премини

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, денеска го посети граничниот премин Ќафасан, каде што оствари работна средба со директорот на Царинската управа, Горан Сугарески и со дел од вработените во царинската постава во Ќафасан.

 

По состанокот, Николовски и Сугарески информираа за заклучоците од состанокот и реализација на мерките од Планот за борба против корупција.

 

„Дигитализација на царинските постапки и елиминирање на човечкиот фактор, го намалува ризикот од корупција, а ја зголемуваме ефикасноста и одговорноста на царинските службеници. Мораме да ги искористиме придобивките кои ги овозможува четвртата индустриска револуција и да ги употребиме за сето она што значи стратешки приоритет за државата“, рече Николовски.

 

Како што истакна тој, со реализација на системските мерки од Планот за борба против корупција, воспоставуваме генерациски промени, во кои ќе се почитуваат законите, а во државната управа ќе нема место за корумпирани службеници.

 

„За прв пат ќе испитуваме како одредено лице го стекнало имотот и капиталот, во случај кога постои сомневање дека ги надминува своите редовни оданочени приходи. За прв пат, ќе се проверува имотот на сегашни, но и на поранешни функционери. На овој начин го контролираме капиталот, го отвораме патот за конфискација на нелегално стекнат имот и капитал, спречуваме оштетување на буџетот и богатење врз грбот на граѓаните“, заклучи Николовски.

 

Директорот Сугарески се осврна на важноста на преминот Ќафасан, кој се наоѓа на пан-Европскиот коридор 8 (исток-запад) и е 4-ти најфреквентен граничен премин за стокови пратки во земјата преку кој годишно минуваат стотици илјади превозни средства и патници во и од Република Северна Македонија.

 

Како што рече тој, при крај е и имплементацијата на решението за заедничко управување на граничните и царински контроли со едно застанување „One Stop Shop“ помеѓу нашата држава и Република Албанија на Ќафасан-Ќафтане преку кое се очекува уште повеќе да се намали времето на чекање на превозниците, да се намалат трошоците на економските оператори и најважно, да се намали можноста за царински измами поради непосредниот увид во комерцијалните документи кои ја следат стоката, а со тоа се намалува можноста за корупција и се зголемува стабилноста и сигурноста во целиот регион.

 

„Во тек е реализација на проект во вредност од 100 илјади американски долари. Оваа заедничка соработка со Царинската управа на Република Албанија опфаќа набавка на опрема за контроли за двете страни на граничниот премин Ќафасан- Ќафтане, стручен консултант, обуки и студиски посети за вработени од македонската и албанската царинска управа, во насока на забрзување на времето за контрола и воведување на заеднички контроли на овој граничен премин. Проектот се очекува да заврши до крајот на 2021 година“, заклучи Сугарески.

Извор: Влада

Прочитајте