spot_img
spot_img

МФ: До 5% стапки на економски раст преку нови развојни фондови и инструменти за финансирање

МинистерстваМФ: До 5% стапки на економски раст преку нови развојни фондови и...

Најчитано

Формирање развојни фондови, како на пример можност за воспоставување Фонд за поддршка на извозни компании, Фонд за инвестиции, Фонд за зголемување средства, Фонд за ризичен капитал, Стратешки инвестициски фонд и користење на инструментот краудфандинг или групно финансирање се дел од Планот за финансирање заздравување и забрзан економски раст. Планот има за цел преку мобилизирање капитал од приватниот сектор да ги мултиплицира инвестициите во јавниот и приватниот сектор и со тоа да го забрза економскиот раст, пишува министерот за финансии Фатмир Бесими во својата колумна и посочува дека на ваков начин можат да се постигнат повисоки стапки на економски раст од 5% во просек.

Министерот пишува дека во време кога сите земји го имаат покачено долгот, како резултат на корона-кризата, потребно е да се најдат нови извори на финансирање, со цел истовремено да се поттикне економскиот раст, но и да се задржи макроекономската стабилност.

– Во насока на нашите заложби за фискална консолидација, а воедно и заложбите за удвојување на економскиот раст и постигнување годишни стапки на БДП од 5%, во Министерството за финансии во завршна фаза на изработка е Планот за финансирање на заздравувањето и забрзувањето на економскиот раст, којшто наскоро ќе го презентираме и дискутираме во јавноста. Овој план дава одговор за нови начини на пристап до капитал за финансирање на заздравувањето и забрзувањето на економскиот раст, преку проекти во јавниот и приватниот сектор. Со Планот сакаме да ги зголемиме вкупните инвестиции во економијата, а притоа да останеме на зацртаниот курс постепено да го намалуваме фискалниот дефицит и да го задржиме долгот на стабилно ниво – пишува Бесими.

Планот, како што наведува министерот, се состои од креирање развојни фондови, фондови за поддршка на иновации, гарантни фондови, еквити фондови, фондови за ризичен (venture) капитал и слични инструменти за поддршка на извозни компании, мали и средни претпријатија, како и социјални претпријатија. Се планираат јавни приватни партнерства, концесии и други инструменти за финансирање јавни капитални проекти, но и проекти на приватниот сектор. Тоа ќе бидат проекти коишто се наведени во рамките на Националниот инвестициски комитет (НИК), како и нови проекти, коишто можат да произлезат како иницијативи од јавниот или приватниот сектор.

– Се разгледува можноста да се воспостават различни развојни фондови коишто ќе таргетираат проекти во јавниот и приватниот сектор и ќе користат различни механизми за прибирање капитал. Еден од нив е Фондот за поддршка на извозни компании, кој преку поволни кредитни продукти ќе ги поддржи производните компании коишто се извозно ориентирани. Друга можност е формирање Фонд за инвестиции, којшто ќе поддржи крупни проекти, пред сѐ капитални образовни проекти, како на пример, изградба на градинки, училишта, спортски сали и сл., при што при избор на компании што би биле вклучени во целиот процес би им се дала предност на мали и средни компании. Уште еден предвиден фонд е Фондот за зголемување финансиски средства (Fund of Funds), во чиј фокус ќе биде да се стимулираат поголеми инвестиции на растечки фокусирани бизниси. Предвидено е и основање Фонд за ризичен капитал, којшто ќе прибира инвестиции од институционални инвеститори и приватни претприемачи коишто ќе вложуваат поголеми износи. Преку Стратешки инвестициски фонд би се финансирале инфраструктура и инвестиции. Дополнителен инструмент за финансирање се планира да биде и краудфандингот. Исто така, се разгледува можноста за инструмент развојна обврзница, пишува Бесими.

Министерот за финансии во колумната наведува дека во насока на имплементирање на новите финансиски инструменти, потребно е создавање соодветна институционална рамка со којашто ќе се овозможи примена на истите, како и нивно понатамошно надградување. Во процес е создавање и носење неколку законски решенија коишто ќе го поддржат креирањето на овие фондови.

Во рамки на тие законски решенија е Законот за инвестициски фондови што е во собраниска процедура. Со поддршка од Светска банка, Министерството за финансии го работи и Законот за алтернативни инвестициски фондови, што треба да се донесе во текот на 2022 година и со којшто ќе се уреди работењето на фондовитe за ризичен капитал. Преку Законот за изменување и дополнување на Законот за Македонска банка за поддршка на развојот се уредува кредитно-гарантна шема (Гарантен фонд), којшто нуди дополнителна можност за полесен пристап до финансиски средства преку преземање дел од кредитниот ризик заедно со комерцијалните банки. Со измените на овој закон се предвидува и формирање фондови со кои може да управува Развојната банка во име на државата, коишто ќе се однесуваат на кредитирање во земјата, издавање платежни гаранции, авали и други форми на обезбедување, откуп, продажба и наплата на побарувања, факторинг и форфетинг за сметка на клиенти, тргување со хартии од вредност во свое име и за своја сметка, прибирање, обработка и анализа на информации за кредитна способност на правни лица и нивна продажба, економско-финансиски консалтинг, кредитно осигурување од комерцијални и политички ризици и осигурување инвестиции.

Извор:  Министерство за финансии

spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
[td_block_ad_box spot_img_horiz="content-horiz-center" media_size_image_height="1000" media_size_image_width="1000