spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Во завршна фаза изградбата на ООУ „Димитар Македонски“

Аеродром: Во завршна фаза изградбата на ООУ „Димитар Македонски“

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, и  претседателката на Советот на Општина Аеродром, Ивана Цветковска, извршија увид во градежните работи на новиот објект на училиштето „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче и во разговор со директорката на училиштето, Јулијана Тодоровска, констатираа дека тие се одвиваат според предвидената динамика и се наоѓаат во завршна фаза.

„Привршува изградбата на новиот објект, кој е од витално значење за учениците од овој дел на општината. Се радувам што населбата Лисиче, конечно, по речиси 60 години, ќе добие сосема нова и современа зграда“, изјави градоначалникот Марин. Еден од главните приоритети на Општина Аеродром е создавање квалитетни услови за образование на нашите ученици, бидејќи тие се нашата иднина, додаде градоначалникот.

Инаку, новото училиште е со површина од 2 840 квадратни метри и со капацитет од 700 ученици организирани во две смени. Ќе биде опремено со најсовремени кабинети, простории за дневен престој, кујна и простории за наставниците. Според интензитетот на изградбата, се очекува од септември учениците да учат во целосно новиот објект.

Извор: Општина Аеродром 

Прочитајте

МЗШВ: Николовски да не се понижува на прес конференција, времето на...

0
Љупчо Николовски без срам излезе на прес конференција да говори за предлог Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. На прес конференцијата покажа едно...