spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Нов парк - 9 Мај

Аеродром: Нов парк – 9 Мај

Поминаа точно сто дена откако Аеродром ја стартуваше својата визија за „прва општина со европско знаменце“ во Македонија. Токму по повод Денот на Европа, 9 Мај, Општината заедно со Европското движење го организираше традиционалниот ликовен конкурс, а ја промовира и изградбата на новиот парк што ќе го носи името „9 Мај“, каде што учесниците на настанот засадија зимзелени дрвја.

За градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, овој период претставува само база за почнување на многу значајни проекти што ќе ги донесат европските вредности во Северна Македонија, почнувајќи од жителите на Општината.

„Ве уверувам дека овој период претставува само почеток на многу значајни проекти што ќе ги донесат европските вредности во нашата општина. Нашите жители заслужуваат да бидат и се лидери во практикувањето на европските вредности. Доказ за тоа се и нашите најмлади граѓани, кои неуморно секоја година ни сликаат прекрасни цртежи со европски мотиви“, изјави градоначалникот Марин.

Во тој контекст раководителот на Секторот за работи на градоначалникот, Александар Ѓорѓиевски, рече дека досега се остварени повеќе од половина од предложените проекти во рамките на платформата „Аеродром – прва општина со европско знаменце“.

„Горди сме што во изминатите сто дена покажавме и докажуваме дека како жители на општината практикуваме европски вредности и работиме на подобрување на еколошките стандарди, урбаното живеење, поквалитетниот начин на живот и руралниот развој. Во наредните два месеца ќе го заокружиме процесот на изготвување на стратегијата за локален економски развој и ќе ги почнеме и другите најавени проекти, кои од почетните дваесетина ќе прераснат во над стотина плански проекти“, изјави Александар Ѓорѓиевски.

Раководителот на Секторот за економски прашања, зајакнување на институциите и прекугранична соработка на Делегацијата на ЕУ во РСМ, Фредерик Јанмат, пак, пренесе поздрави од евроамбасадорот Дејвид Гир и рече дека се радува што и самиот е дел од активностите на општината.

„Има три работи зошто Аеродром е важен во очите на ЕУ, а тоа е начинот на кој ја практикува децентрализацијата и комуницира со жителите и на тој начин претставува добар пример за другите општини. Втора работа е вашата зелена агенда што е многу важна работа во ЕУ. Зелената транзиција е приоритет за ЕУ, а Аеродром има многу активности на оваа тема, и третата важна работа е соработката со други општини од земјата, од регионот и од членките на ЕУ, особено преку проектите за меѓугранична соработка“, изјави Јанмат.

За претседателката на Европското движење, Милева Ѓуревска, Аеродром е најурбаната општина во Скопје со најмногу паркови и одлична зелена агенда.

„Аеродром треба да продолжи со уредување на јавниот простор, кој е многу важен за негување на европските вредности, но и за сите нас. Садењето и грижата за дрвјата и зеленилото е задача и на Општината, но и на сите граѓани. Ви посакувам да имате што повеќе насадени дрвца – за секој жител по едно дрво“, изјави Ѓуровска.

Во врска со ликовниот конкурс, таа истакна дека е тоа нешто што ги поврзува Општина Аеродром и Европското движење со години и се заблагодари за поддршката што несебично ја дава градоначалникот, но пред сè, на дечињата, кои со својата креативност му даваат душа на овој традиционален настан.

Победниците на ликовниот конкурс на кој децата од двете детски градинки и учениците од осумте основни училишта во Општина Аеродром цртаа на тема: „Европското знаме на мојата општина“ по повод 9 Мај, Денот на Европа, добија признанија и парични награди. За најдобра ликовна творба во категоријата од предучилишна возраст е избран цртежот на ДАРЈАН БЕЛЧОВСКИ од детската градинка „Срничка“, објект „Чекорче“. Во категоријата од одделенска настава за најдобар е избран цртежот на ИВА ДИМИШКОВСКА од II1 од ОУ „Гоце Делчев“, а деветтоодделенката МИА ГОРЧЕСКА од IХод ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ е избрана за најдобра во категоријата од предметна настава.

Извор: Општина Аеродром 

Прочитајте

МЗ: Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита

0
Информираме дека Министерството за здравство, денеска почнува национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита“. Кампањата се спроведува со поддршка од СЗО,...